Бизнис секторот од Крива Паланка се здружува за подобар развој на стопанството

Од:

Дваесетина претставници на бизнис секторот од општина Крива Паланка присуствуваа на денешната средба со цел формирање општински сојуз на стопанственици која се одржа во ЛУ Градски музеј.

Средбата беше свикана на иницијатива на градоначалникот, Борјанчо Мицевски, кој посочи дека е неопходно формирање на општински сојуз на стопанственици кој ќе ги застапува, брани и промовира интересите и правата на бизнис секторот во општината, со цел економски развој и подобрување на социо-економската состојба.

– Како општина стоимe на располагање на ситe потреби на стопанствениците, но овој сојуз ќе придонесе кон подобро настапување на бизнис ваедницата при Стопанската комора на Македонија, која ќе отвори и канцеларија во општината, а ќе овозможи и ваквата неформална асоцијација на бизнисмени да ги следи и споделува повиците за искористување средтсва и од ИПАРД програмата во областите земјоделство, млекопроизводство, угостителство и туризам, како и од Владата на РМ, за обнова, реконструкција и инвестирање во објекти во функција на развој на туризмот, со грантирање, посочи Мицевски.

Формирано е координативно тело на општински сојуз на стопанственици во кое членуваат: Димча Велиновски, пекарско производство, од конфекционерство – Новица Величковси, Ангел Димитровски, градежништо, Ванчо Симонов, стопанство и Велинче Ангеловски, трговија.

Мицевски истакна дека ќе биде воведено признание за стопанственик на годината која ќе се доделува на 8-Ми Октомври, Денот на градот, со цел да ги стимулира работењето и унапредувањето на работата и вработените во компаниите.

-Локалните фирми ќе бидат поттикнати и да инвестираат како општествено одговорни компании преку донирање процент од данокот на добивка во општинската фондација, до каде средствата ќе се инвестираат во развој на спортот, културата, за општествени добра и слично, дополни Мицевски.

Беше закажана и следна средба на која се охрабруваат да присуствуваат сите стопанственици од Крива Паланка со цел проширување на сојузот на стопанственици и негово ажурно функционирање, за да се развива и унапредува целокупниот бизнис сектор.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот