Големо разочарување кај навивачите на Манчестер Јунајтед предизвика елиминацијата во осминафиналето на Лигата на шампионите, по што тие бараат менаџерот Жозе Мурињо да поднесе оставка.
Јунајтед синоќа на реваншот со Севиља делуваше немоќно, без препознатливиот стил на игра, без агресивност и сосема заслужено е исфрлен од страна на шпанскиот претставник.
Се појавија низа пораки до Португалецот да ја напушти тренерската функција.
„Мурињо треба да биде отпуштен од вечерва. Не утре. Не задутре. Веднаш“; „Мурињо напушти го мојот клуб. Имајте добра ноќ”; „Ве молам, сакам само да слушнам дека Жозе Мурињо доби отказ“; „Само Мурињо е виновен“; „Ужасна тактика“, се само некои од коментарите на разочараните навивачи на Јунајтед.
Севиља го победи Манчестер на негов терен со 2:1 и по 0:0 на првата средба, обезбеди пласман во четвртфиналето на ЛШ.