Османи: Очекувам извештајот на Европската Комисија да го валоризира напредокот на Македонија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, престојува во работна посета на Брисел, каде, заедно со Бојан Маричиќ, советникот за европски интеграции во кабинетот на Премиерот, остварија средби со Генералниот директор на Директоратот за Европска и соседска политика и преговори за проширување ДГНЕАР, Кристијан Даниелсон, а воедно имаа и брифинг со претставниците на Директоратот за напредокот на Македонија, во пресрет на претстојниот Извештај на Европската комисија за состојбите и напредокот на Република Македонија.

На средбите, претставниците на Директоратот ги запознаа Османи и Маричиќ со содржината на работна верзија од претстојниот Извештај на Европската Комисија за состојбите и напредокот во Република Македонија, при што, беа разменети аргументи околу состојбата и напредокот на земјава. Османи брифираше за состојбата со имплементацијата на Планот 3-6-9, како и за предизвиците со кои Владата се соочува при реализацијата на обврските и отстранувањето на политичките пречки за напредок во евроинтегративните процеси.

„Валоризацијата на реформските напори на Република Македонија очекуваме да биде нотирана во претстојниот извештај на Комисијата, од каде очекуваме и чиста и безусловна препорака до Советот на ЕУ за почеток на преговорите“, истакна Османи на средбите, додавајќи дека во претстојниот период, пред априлскиот Извештај на Европската комисија, Владата е целосно фокусирана кон реформите, како и отстранувањето на сите останати политички пречки на евроинтегративниот пат на земјава.

Османи посочи дека очекува извештаите на Европската Комисија да обезбедат јасна и прецизна проценка за севкупната подготвеност и напредокот не само на Македонија, туку и на сите земји од регионот имајќи предвид дека европските интеграции на земјите од Западниот Балкан претставуваат европски предизвик, кој е во интерес на постабилна, побезбедна и обединета Европа.

За време на работната посета на Брисел Османи ќе одржи и брифинг во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија и пред членовите на Работната група за земјите од Западен Балкан во рамките на Советот на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Левица: Дали партиски инсталации во ДБКИ се шверцуваат во Мисијата на НАТО во Брисел спротивно на закон?

Горан Наумовски

Медиуми: „Брисел ги лади очекувањата на Киев за членство во ЕУ“

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

Сијарто: Брисел верува дека Украина е поподготвена за членство во ЕУ отколку Западен Балкан

Закани за осум земји од ЕУ поради ризик од прекршување на фискалните правила

Горан Наумовски

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Брисел, употребени водени топови и солзавец