Шефицата на хрватската дипломатија Пејчиновиќ Буриќ во Македонија

Од:

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи и европски прашања на Хрватска Марија Пејчиновиќ Буриќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Како што соопшти МНР, Пејчиновиќ Буриќ и Димитров ќе имаат тет-а-тет средба со министерот Димитров по која ќе следат разговори во состав на делегациите на двете земји. Таа ќе биде примена и од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и од премиерот Зоран Заев.

На средбата се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи, како и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со акцент на економската соработка. Исто така, ќе бидат разгледани можностите и чекорите за натамошен напредок на регионалната соработка во контекст на европската интеграција, наведуваат од МНР.

Пејчиновиќ Буриќ, синоќа, според хрватското МНР, имаше средби со претставници на Заедницата на Хрватите во Република Македонија и со хрватски стопанственици.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Хрватска

Горан Наумовски

Другарот на убиениот доставувач на пица: Алексиќ ја отвори вратата, рече „влези, влези“ и почна да пука

А1он

Полицијата го пронајде и уапси убиецот од Дрниш

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хрватското гратче Дрниш под полициска опсада, потрага по бруталниот убиец

Катерина Ѓуровски

Убиство во Хрватска: 19-годишник му доставил храна, убиецот го застрелал и побегнал

Пукање во Хрватска: Убил шеф на полиција, па пукал во себе