А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Можни локални излевања и поплавувања поради најавените дождови

by А1он12/03/2018 - 14:4569
Share0

Се очекува зголемување на водостоите во горниот дел од сливовите на Вардар, Треска, Црна, Радика, Сатеска, Црн Дрим и Голема (Ресенска) ако поради најавениот дожд попладнево и за време на ноќта наврнат 25 литри на метар квадратен, особено во западните делови од земјата, соопшти УХМР.

Добивај вести на вибер

Доколку дождот биде распространет на поголема површина, не само локално, можни се локални излевања на реките во посочените сливни подрачја, а доколку на места врнежите се поројни, како што се најавува, можни се брзи истекувања и локални поплавувања во помалите речни сливови и суводолиците во западниот и североисточниот дел на земјата.

УХМР предупредува на претпазливо следење на состојбата и внимателно движење покрај реките и суводолиците.

Покрај дождот, за зголемување на нивото на водата придонесува топлото време кое продолжи да го топи снегот на повисоките места, посебно Шар Планина, Кораб, Бистра и планинскиот масив Јакупица.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто