Во Кочани потпишана Европската повелба за еднаквост на жените и мажите на локално ниво

Од:

Градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев, денеска ја потпиша Европската повелба за рамноправност на жените и на мажите во локалниот живот, со што локалната самоуправа се обврзува да ги имплементира нејзините одредби.

– Еднаквоста на жените и мажите е основно право и суштинска вредност на секоја демократија. Потпишувањето на Европската повелба значи дека се залагаме за вистински еднакво општество. Ние, како локална власт покажуваме дека можеме и мораме да одиграме позитивна улога во промовирањето еднаквост на практични начини, кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните, изјави градоначалникот Илијев.

Секој потписник на оваа Повелба, развива, усвојува, а потоа и применува акциски план за рамноправност.

Кочани е 15-тата општина во Република Македонија, потписничка на оваа Повелба, која се обврзува да го почитува принципот на родова еднаквост и да преземе неопходни мерки за да постигне вистинска еднаквост во пракса, како клуч за економски и социјален успех.

Потпишувањето на Повелбата е со поддршка од ЗЕЛС и од Проектот за промоција на родово одговорни политики и буџети што се реализира во општина Кочани преку Канцеларијата на UN Women во Македонија.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип