До крајот на месецов во Скопје пријавување на данок на имот

Од:

Град Скопје ги известува сите правни и физички лица кои имаат непријавен  недвижен имот или извршиле промена на сопственост на имотот дека промената можат да ја пријават до 31 овој месец, согласно со член 29 од Законот за даноци на имот.

Пријавувањето на недвижниот имот или промената на сопственост на имотот се врши  во Град Скопје – Скопје, барака број 16, Сектор за финансиски прашања.

Кон пријавата потребно е да се достават следниве документи: копија од имотен лист или купопродажен договор, или наследно  решение, договор за подарок (правниот основ со кој се врши стекнувањето или промената на имотот) и лична карта на увид.

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија