МОСТ: Собранието во последниот квартал лани донело 28 закони, од кои 12 по скратена постапка

Од:

Во последните три мецеци лани Собранието донело 28 закони, од кои три се нови, 16 се измени, а девет се ратификации. Од донесените закони 12 се по скратена постаопка, а седум во редовна. Во набљудуваниот период донесен е само еден закон за хармонизација со правото на ЕУ, покажува четвртиот извештај на Граѓанската асоцијација МОСТ за набљудувањето на работата на Собранието на РМ.

– Во периодот во Собранието во тек биле вкупно 63 постапки за донесување или изменување на закони, 28 закони се донесени, 31 закон е во процедура, два се неприфатливи, а два се повлечени. Од донесените закони, три се нови, 16 се измени на постоечки закони, а девет сератификации. Од донесените 12 закони се донесени по скратена постапка (63%), а 7 (37%) по редовна постапка, се вели во извештајот на МОСТ.

Најмногу закони – 12, се донесени во декември, а во еден ден, на 22 декември 2017, донесени се вкупно 10 закони, од кои 7 по скратена постапка и 3 по редовна постапка, што претставува 52,6 проценти од вкупниот број донесени закони во набљудуваниот период.

МОСТ ја анализирал и работата на комисиите и анализа на работата на комисиите и тоа преку транспарентност, квалитет на записници и вклученост на засегнати страни.

За транспарентност Комисијата за култура, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и Законодавно-правната комисија имаат добиено над 50 индексни поени од можни 100, шест комисии имаат добиено од 30 до 50 индексни поени од можни 100, што претставува подобрување во однос на претходниот период на мониторинг, кога имало три вакви комисии.

Во извештајот е анализирана и работата на пратениците. Десет закони биле предложени од вкупно 20 пратеници, донесени биле шест закони по предлог од вкупно 10 пратеници, неприфатливи биле 2 закони од претходниот период кои се поднесени од пратеници, а во процедура се девет закони поднесени од пратеници, и тоа три закони предложени од вкупно 14 пратеници и шест закони предложени од пратеници во претходниот период на мониторинг.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага