Сопственикот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи беше многу разочаран по елиминацијата од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.
И покрај милионските суми средства вложени за засилувања пред почетокот на сезоната, ПСЖ не успеа во амбицијата да ја освои шампионската лига.
– Што да се каже. Многу сум разочаран. Во прашање е доведена и работата на тренерот. Сепак, најпрво да се смират страстите и со ладни глави да донесеме одлука за следните потези, изјави Ал Келаифи.
Светски медиуми веќе почнаа да шпекулираат дека тренерот на ПСЖ Унаи Емери ќе добие отказ во следните 24 часа.
ПСЖ синоќа на домашен терен загуби од Реал со 2:1 и со вкупни 5:2 е елиминиран уште во осминафиналната фаза од ЛШ.