Во Колумбија запленети 5,2 тони кокаин

Од:

Повеќе од пет тони кокаин се запленети во Колумбија на границата со Панама, соопшти денеска колумбиското Министерство за одбрана.

– Воената морнарица и полицијата запленија 5,2 тони кокаим во Ураба, подрачје кое важи за „седиште“ на главниот нарко картел „Клан дел Голфо“, се наведува во соопштението.

Водач на „Клан дел Голфо“ е Дарио Узуга-Отонијел е најбараниот трговец со дрога во Колумбија. Кланот е формиран од припадници на паравиена формација на екстремната десница, кои се демобилизирани во 2006 година, На почеток кланот броеше околу 4.000 членови, но по владината офанзива покрената во 2015 година останати се околу 1.100 припадници.

САД за информација за апсење на Узуга-Отонијел нудат награда од пет милиони долари

Во Колумбија во последните три години запленети се над 200 тони кокаин во вредност од шест милијарди долари.

Колумбија е најголем светски производител на растението кока, суровина за фармацевстката индустирија и за производство на кокаин.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски