Тилерсон најави хуманитарна помош од 530 милиони долари за африканските држави

Од:

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон пред да отпатува на турнеја во Африка најави дека САД ќе доделат повеќе од 533 милиони долари хуманитарна помош за жртвите во конфликтите и сушата во Етиопија, во Сомалија, во Јужен Судан и во земјите околу езерото Чад во Централна Африка.

Според него, проектите на Кина во Африка се оптоварени со „корупција, нејасни договори и така наречено грабливо кредитирање“. Додека пристапот на САД го оцени како партнерство со африканските земји и промоцијата на владеењето на правото и демократскиот развој.

– Кинеските инвестиции имаат потенцијал да ја пополнат африканската инфраструктурна бездна, но води и до зголемување на долговите и до намалување на работните места во поголем број на земји. Во комбинација со политичките и фискални притисоци, тоа е закана за африканските природни ресурси и африканската долгороччна економска и политичка стабилност, наведе Тилерсон.

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ