Во моментот во Собранието нема координација на пратеничките групи за законот за употреба на јазиците, велат од Кабинетот на собранискиот спикер. Талат Џафери не образложува зошто сè уште не е започната собраниската седница, која првично требаше да започне напладне, па беше презакажана за 15 часот. Но, пропадна и тој обид да се соберат пратениците.
Од Кабинетот на Џафери се децидни дека седницата ќе се одржи, но не прецизираат кога. На седницата треба да се разгледуваат 35.000 амандмани што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ, кои, како што велат од партијата, имаат цел усогласување на законот со Уставот на Република Македонија.
К. Л.