Ибра ќе добие солиден бонус, ако Јунајтед ја освои ЛШ

Од:

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ ќе добие импресивна награда ако „црвените ѓаволи“ триумфираат во Лигата на шампионите. Личниот бонус, запишан во договорот на Швеѓанецот, е два милиона фунти, и тоа не зависи од конкретната изведба на Ибра на турнирот.

Досега тој одигра само еден меч во Лигата на шампионите оваа сезона, но верува дека на крајот може да го освои трофејот од соништата, единствениот кој засега му недостига во големата колекција.

Во август минатата година, Ибрахимовиќ повторно потпиша со Јунајтед до крајот на сезоната, иако тој се уште не се опорави од неговата тешка повреда на коленото. Швеѓанецот се согласи неговата плата да биде преполовена во споредба со претходната година, но постојат неколку слични примамливи бонуси во договорот.

Поранешниот стрелец на Пари Сен-Жермен, кој не играл од „Боксинг деј“, веќе продолжи со тренинг со првиот тим и се очекува да се врати наскоро на теренот. Сигурно оваа сезона е неговата последна со тимот на Манчестер Јунајтед, а шпекулациите на Островот велат дека ќе ја продолжи кариерата во САД.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска