Екологисти од Кавадарци реагираат на сечењето дрва, од „Македонски шуми” велат се работи плански

Од:

Екологисти од Кавадарци реагираат дека се сечат млади дрвца покрај асфалт веднаш до акумулацијата Доне Попов на висорамнината Витачево. Роберто Паризов, претседател на Регионалното еколошко друштво „Еко-живот”, во изјава за МИА изрази сомнеж дека се работи за несовесно стопанисување.

– Од тоа што можев да го видам на лице место вчера, се сечеа млади дабови дрвца со дијаметар од само неколку сантиметри. Според мене, нема никакво оправдување за ваква постапка, особено поради тоа што многумина овде знаат да дојдат на излет во природа, нагласи тој.

Марјан Иловски, директор на подружницата на „Македонски шуми”, „Бор” од Кавадарци, за МИА рече дека се работи според планот за стопанисување и со дозвола од Инспекторатот.

– Дабот самиот ќе се обнови во тој дел и за две-три години повторно тука ќе биде шума, нагласи директорот.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак