Новиот „Мајспејс“ дизајниран за музичките изведувачи и нивните фанови

Од:

Новата, редизајнирана и подобрена верзија на социјалната мрежа „МајСпејс“ беше претставена речиси истовремено со новиот сингл на нејзиниот ко-сопственик Џастин Тимберлејк.

По неколкумесечната пробна верзија „МајСпејс“ вчера конечно ја пушти во работа новата верзија. Сите стари корисници може да се пријават преку старите кориснички имиња и лозинки, а може да се регистрираат и тие што сакаат да се приклучат за првпат.

Со цел да привлечат корисници, сопствениците на „МајСпејс“ одлучија на сајтот да го постават новиот спот на Џастин Тимберлејк, кој и самиот е еден од ко-сопствениците. Откако ќе се пријавите или регистрирате добивате право да го гледате спотот за песната „Suit&Tie“, направена во соработка со Џеј Зи.

На прв поглед станува јасно дека новиот „МајСпејс“ е посветен на музиката, нејзино слушање и споделување со виртуелните пријатели. Според оценката на еден британски блогер, не станува збор за платформа на која се поставуваат слики од мачки, туку место за добра музика.

Новиот „МајСпејс“ е дизајниран да овозможи непосреден контакт на изведувачите со своите фанови. Интересна е можноста да се приклучите и преку својот профил на „Твитер“ и „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски