„Во однос на обвинувањата за намалено производство на електрична енергија и споредбата помеѓу 2016 и 2017 година, искажани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, АД ЕЛЕМ сака да информира дека со оглед на лошата ситуација во која поранешниот директор Мицковски ја остави компанијата, новото раководство на АД ЕЛЕМ не само што го постигна, туку и го надмина планот за производство на електрична енергија, подготвен од неговиот Управен Одбор.
И покрај испразнетите акумулации во хидроелектраните, повеќе од една година оставен во неисправна состојба генераторот во „Козјак“, празните депонии за јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј, промашената модернизација на двата котли во РЕК Битола, ниту започнатите ремонти на теремоенергетските капацитети до август 2017 година, а притоа веќе направен увоз на електрична енергија од 7 милиони евра во периодот на раководењето на Мицковски, 2017г. новото раководство на АД ЕЛЕМ ја заврши со производство на електрична енергија од 4.105 GWh, што е 5% повеќе од планот направен од Мицковски на почетокот на 2017“ се вели во соопштението на ЕЛЕМ.