Македонскиот оператор со преносниот систем на електрична енергија МЕПСО од минатата недела бара изведувач градежните работи за изведување на фасадата на постоечкото седиште на компанијата во центарот на Скопје.
Фасадата се нарекува „класицистичка“, а идејното решение и основниот проект се изработени уште преклани. Тие ги содржат неизбежните лавови, кои се присутни и на главниот скопски плоштад и на мостот Гоце Делчев. Главен критериум е најниската цена, а градежните фирми треба да ги достават понудите до 11 март, кога е предвидено и нивно отворање.