Денеска, на последниот ден од февруари, во Кривичниот суд треба да се одржи првото рочиште за предметот на СЈО „Тортура“, што се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на 6-ти јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.
Во „Тортура” обвинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфа” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
Во оваа постапка првообвинет беше поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Но, судот делумно го прифати обвинението на СЈО и според донесената одлука, да им се суди само на шестмината од единицата „Алфа”, но не и на поранешниот прв човек на УБК.
На оваа одлука СЈО поднесе жалба до Апелациониот суд, кој треба да одлучи дали обвинителниот акт ќе се однесува и на Мијалков.