Променливо облачно и студено, повремени врнежи од снег

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во Пелагонија на моменти ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од минус три до три степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен снег рано претпладне како и во вечерните часови. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата од минус шест до еден степен.

До четврток ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, претежно во западните и источните делови. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, а најстудено ќе биде во четврток кога утринската температура на повеќе места ќе се спушти под -10 степени. Во петок ќе има врнежи од дожд и снег, а позначително затоплување со локални врнежи од дожд ќе има за време на викендот.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски