Лигата на шампионите и следната сезона без видео технологија

Од:

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на конгресот во Братислава истакна дека и следната сезона нема да се употребува видео технологијата во Лигата на шампионите.

Според првиот човек на УЕФА, видео технологијата или ВАР технологијата (Video assistant referees) е добар проект, но нема потреба за брзање.

– За едно елитно клупско натпреварување системот треба да биде потполно беспрекорен, вели Чеферин.

ВАР системот веќе се употребува во италијанската Серија А, во Бундеслигата, во Англија се тестираше на куп-мечевите, а ќе се употребува и на Светското првенство во Русија.

Минатиот месец беа објавени резултатите од двогодишната анализа на пробната употреба на ВАР системот, според кои судиите со помош на видео асистенција донеле 98,9 отсто правилни одлуки.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска