Во Крива Паланка се одржа манифестацијата „Невестинско поклонение 2018“

Од:

Звукот на црковната камбана ,надополнет со звукот на тапанот го означија почетокот на црковно-народната и културна манифестација „Невестинско поклонение“ којa се одржа денeс токму кога се чествува споменот на светецот Св. Теодор Тирон, во дворот на црквата „Св.Теодор Тирон“ во Кривопаланечкото село Конопница.

Учествуваа седум невести кои стапиле во брак помеѓу двете Тодорици, заедно со своите свекрви, облечени во традиционални народни носии, поклонувајќи се пред светителот, оживувајќи ја традицијата која некогаш нивните баби и прабаби ја изведувале за да бидат благословени со здрав пород .

Настанот е дел од годишната културна програма на општина Крива Паланка и се одржува под покровителство на локалната самоуправа, месната заедница на Конопница, Националната установа Центар за култура и ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, заедно со Македонска православна црква-Кумановско-Осоговска епархија.

На манифестацијата присуствуваа амбасадорот на Шпанија во РМ, Емилио Лоренцо Сера, постојанито престтавник на УНДП во Македонија, Лујза Винтон, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот заземјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Тодорче Тасевски , претставник од кабинетот на министерот за култура на РМ, претставници од амбасадата на Романија во Македонија, градоначалниците на Крива Паланка, Куманово, Ранковце и Старо Нагоричане и други.

Автентичната традиција датира од средината на минатиот век, а манифестацијата беше возобновена пред девет години на иницијатива на Стојанче Величковски.
-Интенцијата на општината е преку ваквите манифестаци, покрајзачувувањето на обичаите, да се промовира и посебноста, не само на општината, туку и на државата. На невестите и нивните свекрви им посакувам долг и среќен живот исполнет со разбирање и многу чеда и пород, рече градоначалникто на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Стојанче Величковски, идеен творец на манифестацијата, вели, и неговата мајка, баба, но и сите од селото, празнично и свечено го спроведувале традиционалниот обичај со особена радост и славје, а овој ден претставувал вистински празник во домот, но и во срцата на учесниците.

-Во тоа време собирите, народните собори од овој вид претставувале највисок степен на социјализација, кога во дворот на црквата доаѓале илјадници луѓе од селото, околните села и регионот. Ова било местото каде нашите баби и дедовци се запознале. Тоа биле места каде се одбирале идните зет или снаа, мегдан каде се покажаувале најголемите вештини и на играорците, а не постоел човек кој од дома не понел селски зелник, баници, традиционални јадења, специјалитети од овој крај, па ракија и вино…Едноставно, луѓето живееле за ваквите празници, што ме мотивираше да ја возобновиме манифестацијата и дворот на црквата да биде преполн како некогаш, што и еве, се реализира, вели Величковски.

Годинава учесничките на манифестацијата беа од Скопје, Куманово и Крива Паланка. Организаторите, горди на манифестацијата, велат, истата е културно наследство кое ќе се развива во иднина и ќе привлекува се поголем број намерници.

-Оваа манифестација од година во година добива се поголем размер, привлекува се поголем интерес не само од регионален, национален, туку и од интернационален карактер. Неколку години Невестинското поклонение беше и во програмата на Министерство за култура како манифестации од национален интерес, потенцира Величковски.

Карактеристично е што во рамки на манифестацијата свештенослужителите им читаат молитва за зајакнување на брачните врски на учесничките. Настанот на едно место собра и неколку стотици добронамерници од Крива Паланка, меѓутоа и гости од регионот и земјава, а постепено прераснува во туристички бренд на градот. Настанот беше заокружен со водосветот и примопредавање на „кумството“ на селската слава, а учесничките-невести, играа невестинско оро.

Инаку, црквата свети Теодор Тирон датира од 19 век, специфична по својата градба, единствена во државата по нејзината основа е евидентиран споменик на културата, па настанот кој овде се одржува дополнително ја промовира и етаблира.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот