ЗОИ 2018: Четворица Руси во идеалниот тим на олимпискиот турнир во хокеј

Од:

Четворица играчи од шампионот Русија беа вклучени во идеалниот тим во хокеј на мраз на Зимската Олимпијада во Пјонгчанг.

Во составот влегоа голманот Василиј Кошечкин, дефанзивецот Вјачеслав Војнов и напаѓачите Павле Дацјук и Илја Ковалчук, кој исто така беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на турнирот.

Во идеален тим, исто така, беа избрани канадскиот бранител Максим Норо и финскиот напаѓач Ели Толванен.

Русија рано утрово ја освои титулата по драматична победа во финалето со 4:3 по продолжение против Германија.

Би можело да ве интересира

Лондон го критикува Пекинг за поддршката на Аргентина за суверенитетот на Фолкландските острови

А1он

По првиот викенд во Пекинг – студ и „брутален“ карантин

Ана Ололовска

Лудвиг ја продолжи германската доминација во санкањето

Ана Ололовска

Џакара донесе прво зимско злато за Австралија по 12 години

Ана Ололовска

Ван дер Пел со олимписки рекорд и злато, легендарниот Крамер само деветти

Ана Ололовска

Кобајаши е наследникот на Фунаки – олимпиското злато на малата скокалница!

Ана Ололовска