Делегација на АРМ предводена од началникот Котески на состанок на Евроатланскиот партнерски Воен комитет во Брисел

Од:

Делегација на АРМ предводена од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески денеска и утре ќе учествува на состанокот на Евроатланскиот партнерски Воен комитет во сесија на началници на генералштабови (ЕАПМЦ/ЦС), кој се одржува во командата на НАТО во Брисел.

На првиот ден од состанокот во Брисел, соопшти Министерството за одбрана, армиските лидери на членките на НАТО и ПзМ ќе расправаат за операциите на НАТО во мисијата ИСАФ во Авганистан и идното учество на НАТО во изградбата на безбедноста во овој регион за периодот по 2014 година, со посебен осврт на воениот аспект на мисијата ИСАФ, при што посебно ќе стане збор за обуката на Авганистанските безбедносни сили.

Вториот ден, пред Воениот комитет на НАТО е предвидено да бидат  презентирани актуелната безбедносна состојба, активностите и идните планови на Алијансата за мисијата КФОР  на Косово.

На средбите во Брисел, меѓу другото се очекува генералот Котески уште еднаш да ја потврди определбата на Република Македонија и АРМ за понатамошното учество во мировните мисии предводени од НАТО.

Би можело да ве интересира

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски

Путин: НАТО го зголемува своето присуство во Пацификот, се зголемува потенцијалот за конфликт

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Кинески шпионски софтвер се шири низ целиот свет: Ги следи рутерите на НАТО

Горан Наумовски

Американските разузнавачи: Путин би можел да го нападне НАТО