Педесет и деветгодишна жителка на Сарај е повредена откако се удрила во задната гума на автобус кој застанал на автобуската постројка кај Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Повредената С.Ј. е пренесена во Градската општа болница каде и е констатирана скршеница на карлицата и левиот скочен зглоб и е задржана на понатамошно лекување.
МВР денеска соопшти дека настанот се случил вчера околу 11:58 часот кога автобусот управуван од С.М. (53) застанал на автобуската пред Градската општа болница.