ВМРО-ДПМНЕ: Правдата ќе биде задоволена кога судот ќе ги ослободи и останатите неосновано притворени патриоти

Од:

„Правдата ќе биде задоволена само тогаш кога судот ќе ги ослободи и останатите неосновано притворени патриоти кои без никакви аргументи веќе трет месец се држат во затвор.

Правната држава ќе почне да функционира само тогаш кога ќе бидат укинати и домашните притвори и кога ќе бидат отфрлени неоснованите обвиненија за тероризам.

Судот мора да биде на висина на одговорноста што ја има и да утврди дека нема никаква правна основа да бидат задржани во истражен затвор и останатите притворени во врска со настаните од 27-ми Април.‬

Судот мора да стави крај на политички монтираните процеси против десетици патриоти.

Притворените лица, не се терористи, туку жртви на еден недемократски, политички монтиран случај. Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, Божиновска, Мукоски, Тарчуловски, Пешевска и останатите не се терористи и не сториле терористички акт за да може да го повторат делото кое што им се става на товар. Тие ниту се обиделе, ниту пак имаат намера да се обидат да влијаат врз апсурдните обвиненија. Тие ниту се обиделе, ниту имаат причина зошто да се дадат во бегство.

Притворите мора да бидат укинати за сите притворени лица, бидејќи мерката притвор не смее да се користи како начин на заплашување, замолчување, казна и тортура само поради тоа што некој имал храброст гласно да се спротистави на деструктивните политики на Зоран Заев.

Судовите и судиите се уште има можност да се ослободат од политичкиот притисок на СДСМ и да го спасат угледот и честа на самата институција која треба да дејствува независно од извршната власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски