Тројца скопјани искасани од кучиња во Центар

Од:

Тројца скопјани пријавиле дека биле искасани од кучиња скитници на различни локации во Центар, поточно во ГТЦ, на кеј и во дворот на средното музичко училиште.

Според информациите на МВР, вчера во 10:45 часот, Н.Р. (21) од Скопје пријавила во полиција дека во понеделникот околу 16:20 часот во Градскиот трговски центар била нападната од куче скитник кое ја каснало на десната рака.

Вчера во полиција и Љ.Р. (59) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10:30 часот на кеј „13 Ноември“ бил нападнат од повеќе кучиња скитници, а едно од нив го каснало на десната нога.

Истиот ден и С.С. (36) од Скопје пријавила дека истиот ден во дворот на средното училиште „Илија Николовски Луј“ нејзината 15-годишна ќерка била нападната и касната од куче скитиник за левата рака.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов