В.Ц.(49) од Скопје во Полициската станица Гази Баба, вчера во 13 часот пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот пред влезна врата на средно училиште на бул. „Александар Македонски“, неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од страна на П.Л.(37), вработен во обезбедување на училиштето.
П.Л. го удрил малолетникот два пати со тупаница во пределот на стомакот и главата. Со приватно возило 17-годишникот бил однесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, наведуваат од МВР.
Се работи на целосно расчистување на случајот.