Стивен Лангтон, натпреварувачот во боб, со својот изглед привлече големо внимание на Зимските олимписки игри кај женскиот пол.
Тој е член на американскиот тим во боб, на Игрите во Сочи во 2014 година освои два сребрени медали, а два пати беше и светски шампион.
Во Пјонгчанг повеќе внимание привлече со својот изглед, отколку со резултатите. Фотографиите од неговото тело станаа вистински хит на социјалните мрежи.
Судејќи по фотографиите кои ги поставува на неговиот Инстаграм профил, може да се заклучи дека обожува животни, што му е „плус“ кај припадничките на понежниот пол.
.