Првите функционери на ДУИ, обвинети во случајот „Титаник 3“ на специјалното јавно обвинителство – Ејуп Алими и Исмет Гури на 16 март седнуваат на обвинителна клупа, дознава Макфакс.
Тие се обвинети дека уништувале изборен материјал. Предметот ќе го суди судијката од Одделот за кривично полнолетни, Оља Ристова.
Ова е прв предмет на тимот на Јанева во кој им се суди на функционери од ДУИ. Претходно судот им ги одзеде пасошите, па тие се жалеа до Апелациониот суд.
В.М.