Анѓушев: Има простор за договор меѓу Џи Сол и транспортерите кои одбија да возат руда за Фени

Од:

Има простор за договор меѓу инвеститорот Џи Сол и транспортерите кои одбија да возат руда за Фени се додека не им се исплатат заостанатите долгови, смета вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– Се прават сите напори фабриката да се рестартира. Мислам дека има добар предлог спрема транспортерите и дека и тие како и вработените ќе бидат обештетени и ќе се договорат да продолжат да работат. Владата не може да ги води преговорите, туку Џи Сол како инвеститор и транспортерите како засегната страна. Ние сме тука да ги охрабриме да направат договор и ќе направиме се што е во наша моќ, рече Анѓушев одговарајќи на прашање по потпишувањето договор за државна помош со компанијата „ВИК“ во Владата.

Владата ќе ја поддржи било која компанија што ќе ги плати сите обврски на доверителите на Фени.

– Владата не го води процесот и не е во позиција да прифаќа или да одбива понуди. Кој ќе понуди најмногу кон одборот на доверители, а за тоа се отвора пат во сегашната стечајна постапка со планот за реструктуирање, тој на крај ќе биде сопственик на Фени и тоа ќе го одлучи одборот на доверители, собранието на доверители, стечајниот управител и стечајниот судија во рамките на судот во кој се води процесот, рече Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он