Готемолер изрази задоволство од посветеноста на Владата на реформите

Од:

Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на вториот ден од Минхенската безбедносна конференција оствари повеќе средби и разговори со истакнати личности од одбраната и од политиката. На ручекот организиран од германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен, Шекеринска заедно со колегите од регионот, министрите за одбрана на Словенија Андреја Катич, на Хрватска Дамир Крстичевиќ и на Црна Гора Предраг Бошковиќ ја истакнаа важноста на членството на Македонија во НАТО за стабилноста и напредокот на целиот регион.

Шекеринска се сретна и со заменичката генерален секретар на НАТО Роуз Готемолер со која разговараа за актуелните состојби во нашата земја во пресрет на самитот на НАТО во јули. Готемолер ја истакна поддршката на Република Македонија во процесот на зачленување во НАТО и го поздрави 20-процентното зголемување на силите на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“. Готемолер изрази задоволство од посветеноста на Владата и Министерството за одбрана на реформите и ги поздрави чекорите на Македонија на планот на добрососедските односи.

Министерката за одбрана имаше средба и со министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов. На средбата, министерката Шекеринска и бугарскиот колега ја истакнаа важноста од добрососедските односи во регионот во разрешувањето на меѓудржавните спорови и разменија искуства од областа на реформските процеси кои ги спроведува Владата на Република Македонија. Каракачанов ги поздрави напорите на нашата земја и ја истакна поддршката на Република Бугарија за забрзување на патот на Македонија кон евроатлантските интеграции.

Утре министерката Шекеринска, во завршниот дел од Конференцијата ќе има средба со министерот за одбрана на Литванија Раимундас Кароблис и со Волфганг Ишингер, домаќинот и претседавач на 54-тата Минхенска безбедносна конференција.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски