Османи: Поддршката од САД претставува основа на која е изграден напредокот на Македонија

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со в.д. Директорката на канцеларијата за Југоцентрална Европа при Стејт Департментот на САД, Сузан Фалатко.

Вицепремиерот Османи изрази искрена и длабока благодарност до соговорничката од САД, потенцирајќи го притоа значењето и влијанието кое САД го имаат врз развојот и напредокот на Република Македонија. „Скоро и да не постои некој позначаен политички или државен успех во Република Македонија, што не е постигнат со искрена и несебична помош на САД“ истакна Османи, посочувајќи ги притоа како пример Независноста на државата, Рамковниот договор, привремената спогодба со Грција, територијалната организација итн.

Османи го потенцираше европскиот моментумот во кој се наоѓа земјата, особено по објавувањето на Стратегијата од страна на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година, во чија содржина Македонија доби валоризација на напредокот што го испорача изминатиов период, но и шанса за приклучок кон предводниците на процесот меѓу земјите од Западниот Балкан. „Добивме исклучителна можност, согласно успешно имплементирање на реформите, но и со адресирање на отворените политички прашања, да почнеме преговори за полноправно членство во Европската Унија и да ја се приклучиме на динамиката за влез до 2025 година“, истакна Османи. Османи го оцени периодот што следи како историски и клучен момент за европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија и порача дека очекува искрена поддршка од сите меѓународни пријатели, а особено од стратешкиот партнер – САД.

На крајот од средбата, Османи изрази уверување до Фалатко за ориентацијата на Македонија, но и на целиот регион на Западниот Балкан, која останува кон европските и евроатлантските интеграции, како суштинска стратешка определба за подобар живот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија