Детската клиника доби апарат за полесно наоѓање вени кај мали деца

Од:

Апарат „Vein Finder“ за полесно наоѓање вени кај мали деца денеска беше дониран на Универзитетската клиника за детски болести. Станува збор за донација на Центарот за дијализа Диамед Македонија.

Директорката на Клиниката, д-р Катарина Ставриќ, се збалагодари за апаратот, кој е прв во таа јавна здравствена установа и ќе им биде од голема корист на сестрите во ургентната и општата амбуланта каде од децата се земаат анализи за лабораториски иследувања.

– Мобилноста на горниот дел од овој апарат овозможува да може да се користи и по одделите каде ќе има потреба. Децата се многу чувствителни, многу состојби влијаат врз можноста да се боцнат. Иако сестрите се многу искусни, тие се соочуваат со проблем да се најде вена, да се даде терапија и да се направат испитувања. Со апаратот нема да има траума за детето и родителите, додаде д-р Ставриќ.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Одделите за имунологија и пулмологија на Детската клиника се времено фузирани заради недостигот на кадар во летниот период

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните