Одделите за имунологија и пулмологија на Детската клиника се времено фузирани заради недостигот на кадар во летниот период

Од:

Има недостиг на медицински сестри, но, пациенти не се враќаат, вели денеска на новинарско прашање, директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека сите оддели имаат огромна фреквенција на пациенти од целата држава.

– Бидејќи не можевме со главната сестра никако да организираме сменска работа, организација на распоред за дежурства, бевме приморани привремено да направиме фузија на двата оддела, за да можеме да имаме на располагање сестри кои ќе покриваат дежурства. Се работи за Имунологија и Пулмологија А. Одделот не е укинат, тоа е привремено решение за да го пребродиме овој период кога немаме доволен број на кадар – појасни тој.

Сепак и покрај намалениот број на капацитет за прием на дечиња, тој подвлече дека апсолутно, не враќаат ниту еден пациент.

– Ќе најдеме место, ги згрижуваме, ги третираме. Меѓутоа, бидејќи има недостаток на сестри, па двата оддела ги спојуваме за да имаме одреден фонд на луѓе, кои ќе можеме да ги организираме за дежурства – појасни Мемеди.

Би можело да ве интересира

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје

Мастербет донираше близу 400 новогодишни пакетчиња за хуманитарните активности на Црвениот крст

Болничко образование за деца кои се лекуваат од канцер, ако има потреба ќе има домашна нстава за повредените во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

На Детската клиника во Скопје е донесено мртво машко бебе