МРТ доби опомена за недоволно емитување сопствена програма, а НОВА зашто не пуштала македонска музика

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при редовен програмски надзор врз програмските сервиси на Македонска Радиотелевизија МРТ 1 и МРТ 2, и ТВ Нова, констатираше непочитување на законските одредби коишто се однесуваат на обврските за исполнување на квотата за изворно создадена програма, поради што им изрече мерки-опомена.

Мерка-опомена на МРТ 1 и МРТ 2 е изречена поради не емитување на најмалку 60% програма изворно создадена во Република Македонија на македонски јазик, ниту пак најмалку половина од таа програма во периодот од 07.00 до 19.00 часот, додека на ТВ Нова, поради не емитување најмалку 8 часа во текот на неделата, во периодот од 07.00 до 19.00 часот, музика од македонски автори и автори од етничките заедници кои не се мнозинство во РМ, и не обезбедување на пропорционална распределба – 50% да биде народна и 50% забавна музика. Телевизиите имаат законски рок од 30 дена да го усогласат нивното работење.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Утврдена листата кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија

37 кандидати се пријавиле на конкурсот за членови на Програмскиот совет на МРТ

Мециновиќ: Зошто седум години не се распишува оглас за генерален директор на МРТ

Катерина Ѓуровски