Марен Лундби од Новершка со скокот од 110 метри, што е најдолг оваа сезона во женска конкуренција, стигна до златото во ски скокови на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Во првата сесија таа скокна 105,5 метри, а рекордниот скок го направи во втората сесија, со што го потврди златото.
Сребро освои Германката Катарина Алтхаус, додека бронзата отиде кај Сара Таканаши од Јапонија.