Ирен Вист од Холандија денеска го освои златниот медал во трката на 1.500 метри во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Ова е петто злато или вкупно десетти медал за Вист на Олимписките игри. Таа е единствената лизгачка во историјата со двоцифрен број на медали.
Среброто го овои Јапонката Михо Такаги, додека трета беше Холанѓанката Марит Ленстра.
Ова е втор медал за Вист во Пјонгчанг откако претходно беше втора на трката на 3.000 метри.