Судирите во северниот дел од Мали придонесуваат за зголемување на бројот на луѓе кои ги напуштаат родните места заради конфликтите, соопшти Агенцијата на ОН за бегалци.
Портпарол на УНХЦР изјави дека 1.230 бегалци од Мали пристигнале во Нигер, Буркина Фасо и Мавританија на 11 и 12 јануари заради судирите меѓу армијата на Мали поддржана од Франција и исламистички бунтовници поврзани со Ал Каеда.
Според портпаролот, се очекува во следните денови да се зголеми бројот на бегалци. Во 2012 година внатрешно раселените лица во Мали биле околу 200.000, а 144.500 луѓе од Мали избегале во соседни држави заради нестабилната ситуација.