Денеска во Македонија времето ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и потопло, со благ пораст на температурите. Ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -6 до 3 степени, додека дневните ќе пораснат од 2 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде слично време, со температура до 8 степени.
Денеска времето ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во вторник попладне и во среда.
