Груби во Пентагон: Сега е време за НАТО

Од:

Пратеникот Артан Груби го посети Пентагон за време на неговата посета на САД, каде што се сретна со високата претставничка на Депертментот за Одбрана на Америка, Лаура Купер, заменик-државен секретар за одбрана на САД. На средбата се констатираше одличната меѓусебна соработка на полето на одбраната и борбата против тероризмот.

Купер истакна дека поддршката на САД во полето на одбраната за нашата земја е висока и константна при што изрази целосна поддршка за нашите евро-атлантски аспирации и напори да ги надминеме сите пречки на тој пат, при што нè охрабри да продолжиме со напорите и реформите во земјата, додека поддршката на САД нема да изостане. Високата претставничка на Пентагон нагласи дека од интерес на САД е да ја видат Македонија во НАТО и затоа ја реафирмира поддршката додавајќи дека нејзината скорешна посета на Македонија поминала во конструктивни средби.

Груби говореше за пресудната улога на САД во последните две декади во Македонија и регионот и истакна дека сите наши успеси се резултат на заедничките напори. Затоа, рече, последните чекори кон целта треба да ги изодиме заедно, храбро и да ја реализираме заедничката цел, Македонија членка на НАТО и Европската Унија.

„Македонија продолжува со интензивно темпо да ги спроведува реформите, да го закоружи нормативниот дел од Охридскиот договор и да ги решава споровите со соседите по примерот на договорот со Бугарија. Затоа, сега е времето за НАТО и сите наши напори и енергии се концентрирани кон реализација на проектот што ќе ни обезбеди мир, стабилност, сигурност и е предуслов за економски развој“, смета Груби.

Соговорниците исто така разговараа и околу борците во странски конфликти, тероризмот и екстремизмот.

Би можело да ве интересира

Има ли Европа одговор на ултиматумот на Трамп

Руски дрон влезе во романскиот воздушен простор, авионите не успеаа да го срушат

Анкета: Повеќе од половина од Полјаците не сакаат да ја бранат земјата

НАТО започнува операција „Источна стража“: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на Алијансата

А1он

Усвоен буџетот на Пентагон од 900 милијарди долари, дури 400 милиони долари одат за Украина

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО