Охрид и Македонија презентирани на Саем за туризам во Холандија

Од:

Туристичката понуда на Охрид и на Македонија беше презентирана на Меѓународниот саем за туризам, што од 8-ми до 13-ти овој месец се  одржа во холандскиот град Утрехт.

На штандот што заеднички го организираа Општина Охрид и Агенцијата за поддршка на туризмот на Република Македонија, покрај туристичката понуда, беа промовирани и македонски вина од повеќе винарии.

Туристичките работници од Охрид, изразија задоволство од зголемениот интерес на холанските посетители на   македонскиот штанд, што се должи и на ангажманот на холандските партнерски тур-оператори „Корендон“ и „ТУИ“ кои веќе се етаблираа како промотори на туристичката понуда на Македонија во државите од Бенелукс.

За време на одржување на саемот, раководителот на општинскиот Сектор за туризам и локален економски развој Гоце Симоноски и претставници на повеќе хотели, ресторани и туристички агенции од Охрид, остварија разговори со претставници на  еминентни холандски туроператори, при што се договорени повеќе промотивни активности за холандските туроператори и медиуми предвидени да се одржат годинава во Охрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on