А.С. (45) од Демир Капија, додека се движел по ул.„Партизанска“ во Демир Капија, бил соборен на земја и каснат од куче, домашен миленик, сопственост на Љ.Д. (59) од Демир Капија.
Кучето го каснало А.С. за левата нога во пределот на потколеницата. Веднаш потоа А.С. го пријавил случајот во Полициската станица во Демир Капија.