ВМРО-ДПМНЕ: Десетици македонски патриоти се жртва на политички терор

Од:

„Со месеци десетици македонски патриоти неосновано лежат во притвор. Десетици македонски патриоти се жртва на политички терор и нивните слободи и права се нарушени.

Нефункционалноста на правната држава и нарушеноста на владеењето на правото се констатирани и од Комесарот за човекови права при Советот на Европа. Факт кој остана премолчен од властите и правосудните органи.

Притворот наместо како мерка претпазливост во овој контруиран случај против овие десетици патриоти се користи како казна и тортура. Без постоење на реални основи луѓето се ставени во притвор и повеќе месеци против нив не се преземани истражни дејствија. Тоа јасно покажува дека овде нема случај, а луѓето се држат во притвор со цел да бидат шиканирани.

Во ниту една друга држава на тлото во Европа во 21 век не се прогонуваат актери, лекари, режисери и истакнати општествени дејци во конструирани случаи, освен во Република Македонија под власта на Зоран Заев.
Вината на Василевски, Чавков, Дамовски, Илиевски, Арнаудов и останатите е што имале различен политички став од Зоран Заев.

Судовите кои треба да бидат гарант на законитоста, не смее да ги спроведуваат сервираните конструкции.

Судовите се последниот бедем за одбрана на демократијата и мора да одлучуваат врз база на Устав и закон. Судот може да го запре овој политички терор. Во интерес на демократијата и владеењето на правото е и тоа да го направи.

Патриотите кои се цел на политички терор својата правда ќе ја истераат и пред ЕСЧП, но дамката во тој случај врз Македонија ќе биде огромна“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски