Опозицискиот лидер на Малдиви бара САД и Индија да помогнат да се смени власта во земјата

Од:

Лидерот на малдивската опозиција во егзил Мохамед Нашид ги повика денеска САД и Индија да помогнат да се смени од власт претседателот Јамин Абдул Гајум. Тој тврди дека Гајум „илегално“ прогласил воен закон.

– Претседателот Јамин Абдул Гајум незаконски го донесе воениот закон, пречекорувајќи ги овластувањата. Мора да го отстраниме од власт. Луѓето на Малдиви имаат легитимно право да побараат вакво нешто од светските влади, посебно од Индија и САД, истакна Нашид во соопштението лиферувано од неговата „Малдивска демократска партија“.

Тој се огласи и на Твитер, од каде побара Индија да испрати свој специјален претставник на Малдиви, а САД да ги запре финансиските трансакции на лица од малдивскиот режим, кои се изведуваат преку американски банки.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија