Денеска во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Тие се очекува да бидат поинтензивно во вечерните и ноќните часови, а врнежите ќе бидат пообилни во западните делови.
На повисоките планини ќе има врнежи од снег, а од недела наутро снежната граница ќе се спушти до околу 1500 метри надморска височина.
Ќе дува засилен и на моменти силен јужен ветер, со брзини до 90 километри на час.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 4 до 10, а дневните од 8 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде слично време, со интензивирање на врнежи од дожд во вечерните и ноќните часови. Утринската температура ќе биде 5 степени, додека во текот на денот таа ќе се искачи до 16.
