Откако денеска Скопското јавно обвинителство отвори предистражна постапка во врска со извештајот за злоупотребите во АКМИС системот по судовите, поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски на неговиот Фејсбук профил ги колнеше тие кои се радувале на таа одлука.
„На сите крвници и душмани кои денес се радуваат постираат и праќаат пораки за АКМИСОТ и на нивните ментори, натачатели и извршители, со чиста душа ви посакувам очите со сите зла на светов да ви се наситат и најтешки земни болести да ве нахранат, божјиот суд на спасот да го барате да не можете да го најдете. Вие знаете кои сте, ве знам и јас “трубадурката со пендрек” која ја објави веста во 6 сабајле и САКАШЕ ДА КА.. па сите ја пренесоа и “трубадурот од телеком” ги поздравувам посебно за брзо ке знаат што е бумеранг на животот! ПО МОЈОТ ЖИВОТ САМО МОЖЕТЕ ДА КОПНЕЕТЕ БИДЕЈКИ СВОЈ НЕМАТЕ, за зградата, милионите, ресторанот, џипот не можете ви остана само пендрекот“ напиша Владимир Панчевски на неговиот Фејбук профил.