На врвот на ВМРО-ДПМНЕ за „Титаник“ ќе му суди судијата Осман Шабани

Од:

Првиот и најсложениот предмет на специјалното јавно обвинителство за изборни измами „Титаник“, ќе го суди судијата Осман Шабани од oдделот за организиран криминал и корупција, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“.

Термин за првото рочиште сè уште не е одреден. На судијата Шабани ова му е трет предмет на СЈО. Освен „Титаник“, Шабани ги суди и предметите „Топлик“ и „Тендери“.

Во предметот „Титаник“, обвинети се 21 лице за изборни измами, меѓу кои и врвот на ВМРО-ДПМНЕ: Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Леко Ристовски.

Првпат на обвинителна клупа ќе седне и Илија Димовски. СЈО бара на обвинетите да им се конфискува имот во вредност од 2,2 милиони евра.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус