Ахмети ги убедува европратениците да нема референдум за името

Од:

Решение за името побрзо ќе се постигне со ратификација на договор во Парламентот наместо со евентуалниот референдум кој може да го комплицира процесот, порача лидерот на ДУИ,Али Ахмети на средба со европратениците Виктор Боштинару, Тања Фајон, од групата на Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент.

Како што се вели и во партиското соопштение на ДУИ, лидерот Ахмети ги уверил европратениците Боштинару и Фајон дека храброст во целиот овој процес сигурно решавање на проблемот со името од нивна страна нема да недостасува.

– Компромис за решавање на спорот за името треба да се постигне сега почитувајќи ги карактеристиките на страните и размислувајќи за заедничката иднина во Евроатланското семејство, стои во партиското соопштение на ДУИ.

Од партијата исто така сооштија дека „Групата на Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент изразила целосна поддршка на агендата на парламентарното мнозинство и реформската влада ставајќи се во целосно располагање за да ѝ помогне на Македонија и регионот.

-Ахмети ја поздрави подготвеноста на европратениците и рече дека периодот што претстои пред нас е одлучувачки, не само за Македонија, туку и за регионот“, соопштија од ДУИ по средбата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата