Побарувачката на кредити од претпријатијата во последниот квартал од 2017 година во банките била со посилна динамика во однос на претходниот период, а банките очекуваат и во наредните три месеци да се зголемува побарувачката.
Меѓу факторите во анкетата на НБРМ, кои влијаеле на зголемена побарувачка, се наведуваат позначителните поместувања во факторите од алтернативното финансирање, особено на заемите од останатите банки. Индивидуалните фактори поврзани со потребите за финансирање и натаму придонесуваат за зголемување на побарувачката на нето-основа, со посилна динамика во споредба со претходнта анкета.
Условите по кои се одобрувале кредитите во последниот квартал според банките биле олеснети и очекуваат олеснувањето да продолжи и во наредните три месеци.