Илјадници жители на Тунис излегоа денеска на демонстрации против работата на Владата предводена од исламисти, точно две години по симнувањето од власт на претседателот Зин ал Абидин бен Али.
Над 8.000 демонстранти се собраа пред Министерството за внатрешни работи во главниот град Тунис. На истото место на 14 јануари 2011 година беа организирани масовни протести поради кои Бен Али се повлече од власта и пребега во друга држава. Народниот бунт во Тунис го следеа и во други држави во арапскиот свет.
Демонстрантите носеа пароли: Не за диктатурата…Не за религиозна диктатура…Без страв, без ужас, власта ја има народот.
На изборите победи умерената исламистичка партија Ан Нахда и од октомври 2011 година се бори да ја врати безбедноста и стабилноста на државата.